Формирана мрежа за одржливост на граѓанските организации во рамки на проектот „Промени за одржливост“

Од:

Во рамки на проектот „Промени за одржливост“, кој се спроведува повеќе од една година со финансиска помош од ЕУ преку здружението Конект, Фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика беше формирана мрежа за финансиска одржливост на граѓанските организации.

Имајќи ја во фокус токму финансиската одржливост на граѓанските организации како клучен предизвик во Република Македонија, вкупно 73 граѓански организации формираа мрежа за застапување на законски измени кои ќе овозможат поволна средина за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор.

На состанокот беше посочено дека за таа цел е изработена и анализа на Законот за сметководство на непрофитните организации, која ќе придонесе за унапредување во водењето на финансиите кај непрофитните организации од кои повеќе од триесет, претежно од скопскиот регион, веќе ја поминале и обуката за финансиско управување.

Покрај ова, беше нагласено дека со проектот се посветува посебно внимание и на помагањето на помалите „грас-рут“ организации со цел да спроведат локални иницијативи, да соработуваат со другите чинители и да изградат меѓусекторски партнерства со институциите на локално ниво и со бизнисите кои ќе бидат промовирани и поддржани со регрантирање.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски