Внимавајте на лажни СМС пораки– совети од Binance како да се заштитите

Од:

СМС измамите се чест вид на сајбер-напади. Измамниците користат специјализиран софтвер за да манипулираат со името на испраќачот на СМС-пораките, правејќи да изгледаат како да доаѓаат од доверлив извор, како на пример, од вашата банка. Со оваа измамничка техника, тие можат да украдат чувствителни податоци или да вметнат малициозен софтвер во телефонот на жртвата.

Овие се неколку вообичаени примери на СМС измами:

Лажно име на испраќачот на пораки: Измамниците често се претставуваат како да се позната компанија, како Binance или TrustWallet и испраќаат фишинг пораки. Овие СМС-пораки често се појавуваат во истиот разговор како и официјалните пораки.

Лажно префрлање пари: Измамниците често тврдат дека сте освоиле некаква награда, по што ќе побараат ваши банкарски податоци за да ја „исплатат“ сумата или ќе ве упатат да посетите линк за да ја подигнете наградата.

Заканувачки пораки и вознемирување: Измамниците можат да се заканат дека ќе ви го суспендираат корисничкиот профил и често ги искористуваат стравовите на луѓето – како губење пари или злоупотреба на лични податоци.

Како да се заштитите од СМС измами на Binance?

Проверувајте ги пораките пред да реагирате: Бидете претпазливи со неочекувани или сомнителни пораки. Ако се сомневате во некоја порака во која се тврди дека е од Binance, веднаш контактирајте ја корисничката поддршка на компанијата.

Активирајте двостепена автентикација (2FA): Двојната автентикација обезбедува дополнително ниво на заштита, што го отежнува пристапот на хакерите преку СМС пораки.

Не споделувајте лични податоци, како што се лозинки, броеви на кредитни картички или матичен број преку СМС, особено доколку испраќачот не ви е верификуван.

Избегнувајте да кликате на сомнителни линкови: Ако не сте сигурни дали одреден линк, е-мејл, телефонски број, WeChat ID, Twitter профил или Telegram ID е официјален, проверете на Binance Verify.

Еве листа со примери на сомнителни фишинг веб-страници за имама кои се претставуваат како Binance:

Чести примери за СМС измами на Binance се лажни нотификации за надградба/верификација на сметка или пак лажни барања за повлекување пари, па оттаму, компанијата советува секогаш да ги верификуваат линковите преку Binance Verify.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Љубов и крипто: Binance открива зошто инвеститорите играат на долг рок