ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците на свој грб го почувствуваа „Животот“ на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

„Министерот за земјоделство Љупчо Николовски шетајќи се со брендирана облека од илјадници евра по земјоделските ниви повторно манипулира со земјоделците.

Оваа сезона за земјоделците е катастрофална.

Цената на репроматеријалите на ѓубривата и заштитните средства е во постојан раст.

СДСМ и Љупчо Николовски не можат ни да ги исполнат своите ветувања од нивната програма за воведувања на поевтина зелена нафта за земјоделците.

Земјоделците по кој знае кој пат му се жалат на министерот за катастрофалните цени за откуп на земјоделските производи.

На маките на земјоделците им нема крај.

Најпрво имаше проблем со откупот на зелка, сега има проблем со цената на откупот на ориз која се движи од 35 до 42 за килограм, а има и проблем со цената на арпата која нуди за катастрофални 15 до 16 денари за сега да скапува по нивите.

Земјоделците на свој грб го почувствуваа „Животот“ на СДСМ.

Трудот на земјоделците не е вреднуван. Откупните цени се ниски и нема доволен пласман за производите.

До кога СДСМ и Николовски ќе ги лажат земјоделците?

Земјоделството во државата е во катастрофална состојба, а сето тоа е благодарение на неспособноста на министерот Николовски и премиерот Заев. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ