ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев продолжуваат да се фалат со инвестициите на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДСМ, Зоран Заев и Кочо Анѓушев продолжуваат да се фалат со инвестициите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска без нималку срам вели дека во Технолошко индустриската развојна зона „Скопје“ ќе има нов инвеститор индиска „Малхотра“.

Ова е инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ. Влезот на компанијата беше најавен декември 2016 година, а градежните работи требаше да завршат на крајот на 2017 година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја најави оваа инвестиција во висина од 9,3 милиони евра.

Лагите на СДСМ се секојдневие. Единствена цел им е да ги излажат и изманипулираат граѓаните.

Граѓаните веќе ги чувствуваат лагите на СДСМ. Затоа оваа влада треба да си замине. Граѓаните ќе стават крај на лагите и црнилата на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски