ВМРО-ДПМНЕ: Задолжувањето во Република Македонија, под власта на СДСМ стана пракса, а не исклучок

Од:

„СДСМ не запира со расипничкиот однос со парите на граѓаните. СДСМ денес повторно ја задолжи државата. Власта денес се задолжи за 93 милиони евра.

Задолжувањето во Република Македонија, под власта на СДСМ стана пракса, а не исклучок. Не поминува недела, а власта да не се задолжи.

Од почетокот на годината до денес, односно за два ипол месеци, власта ја задолжи државата за над 790 милиони евра. Додека вкупниот нето долг во истиот период го зголеми за над 540 милиони евра.

И додека секојдневно се задолжуваме, економијата стагнира. Во 2017 година не е остварен економски раст, односно истиот е 0%. Градежништвото бележи пад од 20%, а пад бележиме и во други сектори. Бруто инвестициите бележат пад од 1%, што е показател за идните тенденции во економијата и јасно покажува дека лоши резултати не очекуваат и во иднина. Во вакви услови на стагнација власта наместо одговорно да се однесува со парите на граѓаните, истата секојдневно се задолжува.

Милиони задолжувања, а нула инвестиции. Партијата која од опозиција ветуваше инфраструктурен бум нема почнато ниту еден метар нов пат или автопат.

Граѓаните се разочарани. Власта работи спротивно на тоа што го ветуваше. Власта се задолжува, целосно нетранспарентно и без основа.

Оваа власт не работи во полза на граѓаните. Оваа власт не води грижа за интересот на државата и нејзиниот развој. Колку побргу си замине оваа расипничка власт, толку подобро за македонската држава и економија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ