ВМРО-ДПМНЕ: Воведувањето на „зелена нафта“ е само лажен морков за земјоделците

Од:

„Воведувањето на таканаречена зелена нафта е само лажен морков за земјоделците, во ситуација кога драстично се зголемува акцизата за нафта од страна на владата, нема ништо да остане за земјоделците кои ќе бидат со негативно салдо.

Тие зголемувајќи ја акцизата далеку повеќе одземаат од граѓаните отколку што ќе овозможат бенефит со зелената нафта. Значи далеку повеќе ќе земат од земјоделците, од тоа што ќе го овозможат. Владата води политика на кражба и лажење.

Освен акцизата за нафта, на земјоделците прво им ги ограничија субвенциите со висината на приносот, а потоа им ги скратија субвенциите предвидувајќи 24 милиони евра помалку од тоа што ветија. Дупло голо.

Исто така фалењето со проекти на ВМРО-ДПМНЕ станува традиција на владата на СДС. Проектот млад земјоделец со кој се фалат дека ќе доделуваат грантови по 10 000 евра за младите земјоделци е воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2012та година, и до 2016-та година се обезбедени 1.5 милиони евра за младите земјоделци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата