ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ го зголеми државниот долг за нови 20 милиони евра

Од:

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека СДСМ го зголемиле државниот долг за нови 20 милиони евра.

– Според информациите, Министерството за финансии на денешната аукција за хартии од вредност се задолжи за 27,2 милиони евра, а утре доспеваат за враќање само 7,8 милиони евра. Министерот Тевдовски побрза да се правда, но дилемата останува зошто СДС одлучи да повлече цели 3 милиони евра повеќе од тоа што беше објавено во проспектот, изјави Кузмановска.

Според неа, со последната аукција, за само еден месец, владата предводена од СДСМ ја задолжила државата со над 60 милиони евра по основ на издавање на државни хартии од вредност.

– Од овие 60 милиони евра граѓаните досега не видоа ништо. Минималната плата не е покачена на 16.000 денари како што ветуваше Заев, ниту пак просечната плата се покачи на 30.000 денари. Докторите сеуште ги очекуваат ветените 100.000 денари плата, а нема отпочнато ниту 1 километар од новите 500 километри автопат кои СДС ги ветуваа како капитална инвестиција, рече Кузмановска.

Таа кажа дека до пред само еден месец СДСМ секојдневно го напаѓало издавањето на државни хартии од вредност.

– Јавноста се прашува колку ли ќе ја задолжеа државата доколку не беа толку лицемерни и не се спротиставуваа на овој начин на финасирање на буџетот, заврши Кузмановска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги стави под контрола средношколците

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ беше на власт 500.000 македонски граѓани беа на работ на сиромаштијата

Горан Наумовски

ВМРО-ДППМНЕ: Артан Груби, со години палел и гасел, бил алфа и омега во судството

(ВИДЕО) Петрушевски: Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат пред македонските органи