ВМРО-ДПМНЕ: Управувањето на ЕЛЕМ од страна на СДСМ го чинеше претпријатието 8 месеци без сопствена опрема

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на ЕЛЕМ.

„8 месеци СДСМ во ЕЛЕМ. 8 загубени месеци за македонската енергетика. Со преземањето на управувањето со ЕЛЕМ, СДСМ го поништи тендерот за набавка на опрема за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола, кој беше распишан од страна на раководството од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако СДСМ ја поништи набавката отпочнато во време на ВМРО-ДПМНЕ, набавка која во целост ги задоволуваше потребите на РЕК Битола, сега распиша парцијален оглас за опрема, која не може во целост да ги покрие потребите на претпријатието.

Управувањето на ЕЛЕМ од страна на СДСМ го чинеше претпријатието 8 месеци без сопствена опрема. Период во кој од Буџетот на граѓаните се одвојуваа пари за плаќање на фирми за ископ, наместо истиот да се врши со опрема на претпријатието.

СДСМ потроши 8 месеци и пари на граѓаните. За сега да распише оглас за набавка на опремата која доколку беа повеќе одговорни ќе беше набавена уште пред 8 месеци.

Единствено што направи СДСМ и раководството на ЕЛЕМ во изминативе 8 месеци е склучување договори во 4 очи по скратена постапка на фирми блиски до нив.

Штетите од оваа ненародна власт се огромни. Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената на оваа расипничка гарнитура, кој колку побргу си замине толку подобро за државата и граѓаните“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ