ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше економски раст од 5% во сите години од нивниот мандат, а веќе втора година не сме ни блиску до тоа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на министерот за финансии Драган Тевдовски.

„Проекциите на Владата ниту се кредибилни, ниту точни. Македонија со СДСМ во 2017 година доживеа стагнација на економијата со нула проценти раст, во период кога Заев ветуваше раст од 5%.

СДСМ ветуваше економски раст од 5% во сите години од нивниот мандат, втора година од власта на СДСМ, а не сме ни блиску до 5%.

Проекциите за раст на економијата во 2019 година од 3.2% исто така не се ни приближни до ветените 5%.

Зоран Заев и СДСМ ги излажаа граѓаните. Економијата тоне, а работат само бизнисите на олигархијата на власт, додека граѓаните едвај преживуваат.

Економија во која царува криминал и корупција, како во Македонија под власт на Заев не може да оствари 5%, се додека СДСМ е на власт поголем раст не е возможен, токму затоа и треба да си заминат.
Црнилата кои ја обвиткаа економијата мора да си заминат. Мора да изгрее зората. Македонија заслужува да оди напред“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски