ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не издвојуваше ни денар за земјоделците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лоша политика и популистички мерки во земјоделството, особено со откупот на пченицата и посочи дека токну во овој случај Владата застанала со целиот свој капацитет во заштита на интересите на производителите на пченица и мелничарите.

– За разлика од времето кога СДСМ не одвојуваше ни денар од Буџетот за субвенции на земјоделието и кога земјоделците наместо како легитимен соговорник беа тепани по патиштата, денес Владата заедно со нив ги договара мерките за успешен откуп на пченицата од овогодишната реколта, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ.

Дополнително, се додава во неа, биле вршени редовни инспекциски контроли за исполнетост на условите согласно Законот за земјоделство од страна на откупувачите на пченица.

– Согласно податоците од терен, откупени беа 118.000 тони пченица, за разлика од минатата година кога беа откупени 74.800 тони пченица. Просечна цена на пченицата беше од 12,6 денари за килограм. Зголемувањето на откупот на пченица од година во година се должи на воспоставувањето на договорните односи помеѓу примарните земјоделски производители и мелничко пекарскиот сектор. Како и претходните години на располагање на производителите беа државните складишта во Прилеп каде по субвенционирана цена земјоделците можеа да ги складираат ожнеаните количини на пченица се до продажбата, се вели во ракцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека државата досега во целост ги има исплатено субвенциите за поледелските култури за изминатата година во износ од 646.202.045 денари.

– Само за потсетување овој износ од над 10 милиони евра само за полјоделските култури е околу два пати поголем од вкупните средстава кои СДСМ ги издвојуваше за сите земјоделски култури заедно. Во време на СДСМ наместо земјоделска политика се водеше анти земјоделска политика.Токму отсуството на политика на поддршка на производството на пченица и целосно слободниот пазар во времето на СДСМ резулатираше во долгогодишен пад на производство и намалување на површините, се вели во реакцијата и се додава дека заради тоа лицемерно е од СДСМ да говорат за откупот на пченица кој со години го уништувале.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС