ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги извртува фактите за економијата

Од:

СДСМ сака со манипулација и извртување на фактите да собере политички поени и да покаже дека се грижи за граѓаните, иако тоа не го правеше во времето кога беше на власт, реакција на ВМРО-ДПМНЕ на критиките Економско-социјалниот совет на СДСМ за лоша политика во економијата и социјалната сфера.

Дека СДСМ не се грижи за граѓаните, според ВМРО-ДПМНЕ, покажува и фактот што голем дел од нивните предлози се однесуваат или на зголемување на даноците, или намалување на социјалните трансфери, платите, пензиите, субвенциите.

– СДСМ нема кредибилитет да зборува за овие теми. Кога се во опозиција со помош на несериозно извртување на податоците и фактите се обидуваат за себе да изградат слика дека се грижат за луѓето, но додека се на власт никогаш досега не покажале активности во насока на подобрување на социјалната и економската положба на граѓаните.

– За нас се неприфатливи идеите на СДСМ за зголемување на даноците, бидејќи тоа ќе значи зголемување на давачките кај граѓаните, фирмите, малото и големо стопанство, слабеење на нивните приходи и зголемување на нивните трошоци. Со тоа ќе се намали јавната потрошувачка, конкурентноста на фирмите и ќе има намалување на бројот на вработени лица.

– Воедно за ВМРО-ДПМНЕ не се прифатливи ниту дилемите за намалување на платите, пензиите, субвенциите и социјлните трансфери. ВМРО-ДПМНЕ децидно останува на ставот дека не треба да се намалат платите, пензиите, дека не треба да се намалат субвенциите и социјалните трансфери. Ние ќе опстоиме на овој наш став, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап