ВМРО-ДПМНЕ: СДС безмилосно ја задолжува државата, денес ново задолжување од 40 милиони евра

Од:

„Неодговорната и неграѓанска влада на СДС денес ја задолжи Република Македонија за нови 40 милиони евра.

СДС безмилосно ја задолжува државата и идните генерации, без постоење на реален основ и без да каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаме ние и нашите деца.

Владата на СДС до сега ја задолжи државата за 320 милиони евра, со денешните 40, бројката се искачува на над 360 милиони евра за само 4 ипол месеци. Ова не им беше доволно на СДС, па од државните девизни резерви без посебно објаснување испумпаа 180 милиони евра, тоа се над 540 милиони евра кои СДС ги потроши без да направи некоја капитална инвестиција, без да им каже на граѓаните каде ги потроши парите за кои сите ние плаќаме камати.

Неодговорноста на СДС нема граници, со над половина милијарда долг за само 4 ипол месеци, владата на СДС е владата која најмногу ја има задолжено Република Македонија. Доколку владата продолжи во оваа темпо за една година ќе ја задолжи државата за повеќе од 1 ипол милијарда евра.

Владата треба веднаш да запре со неоснованото задолжување. Владата мора веднаш да им одговори на граѓаните на што и како потроши над половина милијарда евра за само 4 ипол месеци.

Граѓаните и идните генерации не се должни да го плаќаат луксузниот живот на врхушката на власта. Граѓаните можат да стават крај на ваквиот расипнички однос на СДС. СДС ќе одговора пред идните генерации за уништувањето на нивната иднина“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ