ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

Од:

„Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата и граѓаните. Како и се што уништија во државата, СДС и ДУИ за свои лукративни интереси го девалвираа и уништија и енергетскиот сектор. Поради нивите бизнис интереси со цел големи профити, направија граѓаните да плаќаат поскапа електрична енергија“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Поскапата струја која што ја плаќаат граѓаните, како и финансиските проблеми на некогаш најпрофитабилното македонско претпријатие, ЕСМ е последица на седум годишното криминалното и недомаќинско работење на кадрите на СДС и ДУИ“.

„Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час. Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната. Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси. И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра“ е партискиот став.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат „една од причините за енормниот раст на цената на струјата е не ископот на јаглен и скапо увезениот. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДС и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити. Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДС и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски