„СДСМ ги лаже граѓаните на Република Македонија. Петре Шилегов даде изјава со која ги демантираше лагите на СДСМ дека нема да поскапува водата.
Шилегов денес изјави дека едно семејство за потрошени 15 кубни метри вода наместо 500 денари ќе плаќаат 522 денари, што значи дека сметките за вода ќе се покачат за најмалку 22 денари.
Самите себе се демантираат, нивните лаги веќе не траат ни еден ден.
СДСМ ги излажа и граѓаните дека ги намалува трошоците за живот. Од први јануари оваа година ја зголеми акцизата на дизелот за 3,5 денари, а поскапувањето на горивото како домино ефект носи поскапување на цело производство и на увозот во Република Македонија.
За 8 месеци владеење трошоците на живот пораснаа за 1,4 отсто, а цените на мало за 3,2 отсто. Тоа директно влијае на намалување на стандардот и зголемување на сиромаштијата во државата.
За истиот период успеа да ја задолжи државата 1 милијарда и 300 милиони евра, а најавија и покачување на даноците.
Наместо да работат за намалување на сиромаштијата и отворање на работни места, СДСМ носи мерки и нови давачки со кои граѓаните се зголемува сиромаштијата, а се повеќе граѓани остануваат без нивните работни места.
За разлика ВМРО-ДПМНЕ се што правеше беше во насока за намалување на сиромаштијата. Невработеноста се намали од 38% на 22.1%, отворени беа над 150.000 нови работни места и креираше добра бизнис клима со што Македонија беше рангирана на 5-то место во Европа, а на 10-то во светот за водење на бизнис.
СДСМ можеше да продолжи со успешните патеки од минатото, но наместо тоа тие се одлучија да им донесат беда на граѓаните на Република Македонија иако ветува живот за сите“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.