ВМРО-ДПМНЕ: Невработеноста се намали на рекордни 23,1%

Од:

„Благодарение на економските политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги преземаше невработеноста се намали на рекордни 23,1%.

Овој тренд на континуирано намалување на бројот на невработени лица, е резултат на големиот број на спроведени мерки. Со спроведувањето на активните политики на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаме пад од над 14% на невработеноста, од 38% во 2005-та во времето на СДСМ, на досега рекордни 23.1%, или тоа се над 170 илјади нови работни места отворени во услови на светска криза, европска должничка криза и домашно вештачки наметната политичка криза од СДСМ.

Главен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше и останува намалување на невработеноста. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори преку активни мерки да овозможи нови работни места, води правилна социјална политика, и покрај сите предизвици на глобалната економија успева да ја намали невработеноста, проблем кој беше создаден од СДСМ.

СДСМ го создаде проблемот со невработеноста. Тие во сите свои мандати досега не донесоа ниту едно вработување од странска инвестиција бидејќи немаа донесено ниту една странска инвестиција. Напротив, без работа оставија над 200 илјади работници, а секој ден се затвораа фабрики и производствени погони чиј број достигна 684 жртви на транзицијата и криминалната приватизација спроведена од СДСМ.

Позитивните мерки даваат резултат и колку и да се обидува СДСМ тоа да го оцрни, фактите го говорат спротивното.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работела, работи и во иднина ќе работи со засилено темпо, се со цел уште поголемо намалување на невработеноста во Република Македонија“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС