ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорните политики на СДСМ во земјоделието го носат македонското земјоделие во пропаст

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на говорот на министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

„СДСМ не запира да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е проект во изведба на ЕУ, започнат во време на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој проект е започнат уште при крајот на 2015 година и продолжил во 2016 година и во таа фаза на реализација претставници на Европската комисија разгледуваа повеќе локации за изградба на мали хидроцентрали за наводнување за потребите на земјоделските површини.

Во недостаток на проекти и идеи СДСМ ги краде идеите и проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ треба да престане да се фали и да ги претставува како свои проектите кои одамна се почнати и кои за да дојдат во фаза на реализација било потребно да се направи многу од страна на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Безидејноста и неодговорните политики на СДСМ во земјоделието го носат македонското земјоделие во пропаст. Земјоделците од скоро сите гранки се соочени со ниски откупни цени, а за голем број на култури воопшто нема откуп.

Додека власта се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, не успеа да обезбеди откуп минатат есен за пиперките во Пелагонија, па десетици тони скапаа по нивите. Додека СДСМ се наоѓа во ПР-пропаганда оризопоризводителите во кочанско-виничкиот регион не знаат што да прават со оризот кој им остана по амбарите и нема каде да го пласираат.

Земјоделците од СДСМ очекуваат да ги реализираат ветувањата за подобар откуп, поквалитетни услови за производство и посилно земјоделство. Досега ништо од ова не е случај, земјоделството е заборавено од власта, а министерот Николоски излегува на терен, само кога треба да се слика“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ