ВМРО-ДПМНЕ: Нема реален раст на платата, има промена на статистичката методологија

Од:

„СДСМ ја зароби државата, а со тоа и економијата. Економијата стагнира. Toa го покажуваат економските параметри, но највеќе го чувствуваат граѓаните кои живеат се потешко. Економијата минатата година, кога секаде во регионот и низ Европа имаше раст, во Македонија стагнираше.

Реален раст на платите нема. Има промена на статистичката методологија. Доколку навистина се качуваа платите, барем некој освен функционерите на власта, ќе живееше подобро.

Време е СДСМ да ги тргне розовите очила и да се соочи со реалноста. Граѓаните немаат повисоки плати, пензии и социјална помош. Граѓаните се изневерени.

Економијата е погодена од цунамито Заев-Тевдовски-Анѓушев, последиците од тоа ги чувствуваат граѓаните. 20% пад на градежништвото е доволен показател дека оваа влада ништо не работи.

Негативниот тренд во економијата продолжува. Неспособната власт за првите три месеци од оваа година има реализирано само 4% од предвидените капитални инвестиции. Ова го доведува во прашање нивото на реализација на капиталните инвестиции на годишно ниво.

СДСМ нема направено ништо позитивно за македонската економија. СДСМ единствено нешто што направи во овие 10 месеци е зголемување на нето долгот на државата, кој само за последните три месеци е зголемен за 566 милиони евра.

Милиони евра задолжени, а ништо конкретно. Нема проекти, нема раст, нема развој. Оваа ненародна власт ја уништува економијата. Колку побргу си замине оваа ненародна власт толку подобро за државата и граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ