ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е државата да се задолжува, а граѓаните да немаат никаков бенефит од тоа

Од:

„Со доаѓањето на СДСМ на власт изградбата на автопатите беше запрена на подолг период. Не е имплементирана ниту една мерка за вработување. Пензиите не се покачија, туку истите се намалија. Државата не ја зголеми социјалната помош. На што потроши СДСМ повеќе од 700 милиони евра, за кои ја задолжи државата во првите 6 месеци од нивното владеење?

Недозволиво е државата да се задолжува, јавниот долг да расте, а граѓаните да немаат никаков бенефит од тоа.

СДСМ од доаѓањето на власт го зголемен јавниот долг за 0.7%, додека државниот долг за 0.8%.

Трендот на пад на јавниот долг во Република Македонија е запрен со доаѓањето на СДСМ на власт. Штетните економски политики на СДСМ, пропратени со огромното задолжување од над 700 милиони евра го зголемија јавниот долг за 0.7%.

Задолжувањата кои власта ги презема во првите три недели од 2018 година не се вкалкулирани во оваа пресметка. СДСМ ја задолжи државата со евробврзницата од 500 милиони евра и со дополнителните 100 милиони евра на домашниот пазар на капитал само во првите 3 недели од 2018 година.

Негативниот ефектот од ова задолжување граѓаните ќе го видат во наредната пресметка на јавниот долг.

СДСМ мора веднаш да запре со расипничката политика. Државата смее да се задолжува единствено за реализација на капитални проекти, а граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари.
СДСМ им должи на граѓаните објаснување на што ги потроши овие пари со кои го зголеми јавниот долг“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ