ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од употреба се сите 3 блока од РЕК Битола, државата е принудена да увезува струја

Од:

Ова е моментот кога откажуваат двата блока во РЕК Битола. Вака изгледа катастрофата кога се урива енергетскиот систем заради неодговорната, неспособна и криминогена власт. Најголемиот енергетски капацитет во моментов нема енергија ниту за сопствено одржување!, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Тоа се СДСМ и Зоран Заев! Секој изминат ден со нив значи дополнителна штета за државата. Криминогената и неспособна власт ги чини државата и граѓаните пари.

Денеска надвор од употреба се сите 3 блока од РЕК Битола. Државата е принудена да увезува струја, наместо да ја произведува сама.

Во исто време надвор од употреба се ставени блоковите 1 и 3, додека блок 2 е во ремонт.

Само до рестартирање на блок 1, државата ќе треба да увезе 2.000 мегават часа струја, односно да плати над 100.000 евра на име увоз на струја. Штетите кои ќе ги претрпи државата до вклучување на блок 2 ќе бидат уште поголеми.

Ова е едно од редицата исклучување на блоковите во РЕК Битола. Нејасно е дали блоковите испаѓаат од употреба поради неспособноста на власта или поради криминогеноста и желбата да се направи профит за некоја фирма увозник на струја.

Зоран Заев и СДСМ го гледаат РЕК Битола само како ризница за пари за фирмите блиски до СДСМ.

Криминалот и злоупотребата на РЕК Битола за лично богатење наскоро ќе заврши. СДСМ оди во опозиција и следува обнова на Македонија.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не смее да го осуди и да побара оставка на Талат Џафери, се плаши дека ќе му падне владата

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Молчењето не е опција, протест за рушење на владата

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ закажа протест за 18 јуни во Скопје

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски требаше да одговори дали вчера на стадионот во Чаир го прашал Џафери по кого пцуел во Собранието

(ВИДЕО) Николова: СДСМ успешно менаџира со кризата, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади но и тие ќе бидат поразени

Ана Ололовска

Мицкоски бара меѓународна реакција за пцостите на Џафери: Интерпелација нема да успее

Кристијан Ландов