ВМРО-ДПМНЕ: Над 7000 стечајни работници остануваат надвор од законскиот опфат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска пука по сите линии и не успева да одговори на потребите на граѓаните и обврските што ги има. Изневерени се очекувањата на пензионерите кои се надеваа дека ќе продолжи зголемувањето на пензиите започнато од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Малолетни девојчиња се силуваат по домовите, а изманипулирани се и стечајните работници.

Над 7000 стечајни работници остануваат надвор од законскиот опфат.

Додека Царовска се слика на владини прес-конференции над 7000 стечајци се борат за својата егзистенција.

СДСМ и Царовска од опозиција ветуваа експресно и целосно решавање на статусот на стечајните работници, за сега повеќе од 60% од стечајците да останат надвор од регулација со законот кој денес го најавија.

Од поднесени над 12.000 барања, власта првично опфати едвај 2500.

Стечајците чекаат СДСМ да ги исполни своите ветувања“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ