ВМРО-ДПМНЕ: Над 7 илјади стечајци се оставени вон законски опфат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ за стечајците.

„СДСМ предизборно ги изманипулира стечајците. СДСМ вети решавање на проблемот на стечајците во првите 6 месеци по доаѓање на власт. Помина скоро една година, а проблемот на стечајните работници се уште не е решен.

СДСМ ветуваше целосно решавање на проблемот со стечајните работници, а сега презема парцијални решенија.

Од вкупно 12.000 поднесени апликации, со првиот закон решени се само 2.500 стечајци, додека со сегашниот закон предвидуваат опфат на дополнителни 2.000.

СДСМ не го решава проблемот на стечајците во целост. Над 7000 стечајци се оставени вон законскиот опфат, на законот за материјално обезбедување на стечајните работници, кој СДСМ сака да го претстави како успех.

Стечајците се изиграни и изманипулирани. СДСМ предизборно ги изманипулира, а сега покажува дека нема намера да го реализира ветувањето.

По цела една година со СДСМ на власт, граѓаните немаат реална полза, само штета. Граѓаните ќе им кажат не на ваквите штетни политики и неодговорно однесување на СДСМ и ќе го казнат секое штетно дејствие на оваа партија“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ