ВМРО-ДПМНЕ: На никој не му е јасно за какви успешни економски политики зборува СДСМ

Од:

„Наместо да се зафатат со работа и да почнат да даваат одговори на граѓаните зошто економијата доживува колапс СДСМ ја замајува јавноста со панични реакции.

Овие девет месеци покажаа дека оваа Влада на СДСМ е најнеспособната во досегашната историја на Република Македонија. На никој не му е јасно за какви успешни економски политики и за какви позитивни и реални резултати збори СДСМ.

Уште еднаш да ги потсетиме СДСМ дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата во година на политичка криза предизвикана токму од СДСМ економскиот раст изнесуваше 2,9%, сега економскиот раст изнесува 0%. Оттука ако се погледнат овие економски параметри тогаш ситуацијата е катастрофална.

Економските резултати од досегашното владеење на СДСМ се пад на градежништвото од 20 %, раст на индустриското производство од скромни 2,3%, 1% раст на бруто инвестициите, и само 1% од капиталните инвестиции. Единствена светла точка се странските инвестиции од економските зони кои СДСМ непрекинато ги критикуваше. Исто така би сакале да ја потсетиме јавноста дека од осумте странски инвестиции, четири се донесени токму во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните досега не почувствувале ниту една придобивка од владеењето на СДСМ. Јавноста е сведок дека ништо од тоа што е ветено не се исполнува. Она за што сите сме сведоци е дека имаме тотално неодговорно управување со финансиите како и спроведување на некаков си План за економски раст од кој никој не видел бенефит. Со ваквите економски политики растот од 3,2% што го предвидува СДСМ е научна фантазија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ