ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Кочо Анѓушев.

„Законот за енергетика не е правен за потребите на граѓаните, туку за потребите на Кочо Анѓушев и трговците со струја. Новите фидинг тарифи кои се планираат ќе ја зголемат цената на електричната енергија која ќе ја плаќаат граѓаните.

Граѓаните не добиваат поевтина струја. Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја.

Либерализацијата на пазарот беше предвидена и од ВМРО-ДПМНЕ. Но доколку овој закон беше реализиран од ВМРО-ДПМНЕ овој закон ќе беше далеку поправеден за граѓаните и за државата.

Овој закон е преседан во спротивност со ЕУ директивите. Со овој закон дополнително ќе се сменат независните членови на регулаторните тела. Истиот остава и премногу нерегулирана материја, која понатаму ќе треба да се регулира со подзаконски акти.

Со овој закон власта предвидува и постоење на универзален снабдувач на електрична енергија, субјект кој до 2025 година ќе има обврска да купува 80% од производството на ЕЛЕМ првата година, процент кој ќе се намалува до 2025 година и ќе изнесува 30%. Дополнително се отвора прашањето што ќе се случи со ЕЛЕМ по 2025 година, кога никој нема да има обврска да купува струја од претпријатието. Во таква ситуација ќе имаме ситуација каде голем број од трговците со струја истата ќе ја набавуваат од странскиот пазар, за сметка на нашето домашно производство.

Нејасно е кој ќе ја контролира цената на струјата која ЕЛЕМ ќе му ја продава на универзалниот понудувач.

Овој закон не е во корист на граѓаните. Овој закон е во корист на Анѓушев и трговците со струја.

Анѓушев, како и до сега, така и сега не пропушти да ги пофали добрите мерки на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мерката за енергетска сиромаштија со која се фали Анѓушев, не е нова мерка и истата мерка која е во тек, а спроведена од страна на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2010 година, кога надоместот кој го земаа граѓаните изнесуваше 600 денари, кој во 2012 година се покачи на 700, а во 2015 година е зголемен на 800 денари.

Овој закон е на штета на граѓаните. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ