ВМРО-ДПМНЕ: Единствена странска инвестиција е продажбата на фирмата на Анѓушев на грчка државна компанија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на ставовите на вицепремиерот Кочо Анѓушев во врска со странските инвестиции.

„Една од областите каде владата на Заев доживува вистинско фијаско се токму странските инвестиции. А кога тоа е во прашање, гледаме дека не им е тешко ниту да излажат, ниту погрешно да интепретираат бројки, а најтешко им е да сработат.

Единствените странски инвестиции во државава се оние донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, и кога Анѓуев се фали дека има странски инвестиции тоа се оние кои тие ги наследија од претходната Влада. И кога лажат незнаат за доста, па еднаш Анѓушев вели дека се 10 инвестиции, па Заев вели дека имало 18, во реалноста нема ниту една нова инвестиција, ниту еден нов камен темелник на инвестиција која СДСМ ја донела, а доколку има еве јавно нека кажат кои се, без да ги набројуваат оние од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствената странска инвестиција е онаа на Анѓушев кога во ек на преговори за името на јужниот сосед договори со грчка државна фирма да си ја продаде својата приватна компанија.

Инаку реалните бројки за кој лаже Анѓушев се следи. Владите на ВМРО ДПМНЕ отворија 180 илјади работни места и над 100 странски компании односно инвестиции.

За разлика од СДСМ ние нема да шпекулираме ќе наброиме дел од нив:

ДРЕКСЛМАЈЕР во Кавадарци
КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА во Битола
Адиент Сеатинг во Штип
ВАН ХООЛ во Илинден
ЏОНСОН МЕТИ во Скопје
ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС
АМФЕНОЛ во Кочани
КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС во Скопје
АЛАЈАНС УАН Кавадарци
ПРОДИС ДОО во Скопје
ВИТЕК МАКЕДОНИЈА во Илинден
МАРКАРТ во с. Долно Караслари Велес
ОДВ-ЕЛЕКТРИК ДООЕЛ во Струга
ГАРМЕНТ ПРОДАКШН МАКЕДОНИЈА во Скопје
ИСТЕМ МЕДИКАЛ во Илинден
ВПТЕКС МАКЕДОНИЈА во Илинден
ГЕНТЕРМ во Прилеп
ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС во Штип
АНТХУРА во Кочани
ГРИШКО во Демир Хисар
ЕНДАВА ДООЕЛ во Скопје
АРЦ АУТОМОТИВ во Илинден
КИ СЕЈФТИ СИСТЕМС
ЛЕАР КОРПОРАТИОН во Тетово
МАКДИА во Илинден
МЕНСАН ЕВРОПА во Скопје
КОФИКАБ ЕАСТЕРН ЕУРОПЕ СРЛ Aрад Романија – Главна Подружница Скопје
АППЛЕ ЛАНД
САРДИЧ МЦ
КОСТАЛ во Охрид
ЈУРОП ШОК АБСОРБЕРС во Илинден
МТС ТРЕЈДИНГ СОЛУШНС во Скопје
ЈАГЈЕМЕЗЛЕР во Штип
МУСАЛА СОФТ во Скопје
ОНЕ КОНТАКТ Скопје
АДИЕНТ Струмица
ДЕЛФИ ЕЛЕКТРОНИК СИСТЕМС
ХАЈ ТЕК во Зелениково
ФПЦ ТЕХНОПЛАСТ во Илинден
ТЕ-ТЕ ПЛАСТ
БАРАКУДА ФХ
ЛУТЕХ во Велес
М-СТЕЕЛ
МКД ВИТРО во Виница
ЧАГАТАЈ КАБЛО во Гостивар и многу други“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ