ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев стана дел од владата за да си помогне самиот себе и да ги врати долговите

Од:

„На никому не му беше јасно зошто милионер како Кочо Анѓушев кој долго време е дел од бизнис секторот имаше потреба да се вмеша во македонската политичка сцена, односно да стане дел од владата на СДСМ.

Ова беше мистерија се до денот кога во медиумите протече информацијата дека Анѓушев должи неверојатни 26 милиони евра во македонските банки.

Анѓушев стана дел од владата на СДСМ не за да им помогне на граѓаните туку да си помогне на самиот себе си. Анѓушев стана дел од власта за да ги исплати милионите кон своите доверители со помош на наместени тендери и други бизнис зделки на штета на националните интереси и интересите на граѓаните.

Како што изгледа, Анѓушев за четири години ќе ги исплати сите долгови и концесии, а многу веројатно ќе ја заврши својата политичка кариера со своето банкарско салдо во милионска позитива.

Тој досега со неговата фирма ,,Фероинвест’’ доби тендер во висина од 2.6 милиони евра од државната фирма ЕЛЕМ.

Неговата фирма ,,Брако’’ од Велес пак доби намалување на царината за увоз на литиум-јонски батерии кои во Македонија ги користи единствено фирмата на Анѓушев.

Граѓаните не останаа рамнодушни ни кога Анѓушев ја продаде својата фирма за трговија со струја ЕДС на грчкото електростопанство во екот на преговорите со Грција за промена на името и идентитетот на Република Македонија.

Злоупотребите на Анѓушев и власта на СДСМ се повеќе од очигледни, тендерите во четири очи се секојдневие во последните 10 месеци. Граѓаните не гласаа за СДСМ, за Анѓушев со нивните пари да ги исплаќа своите долгови. Животот кој го вети СДСМ единствено дојде до олигарсите и бизнисмените блиски до Заев и СДСМ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања