ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев работи за тендери, а не за интересите на граѓаните

Од:

„Тендерашот Кочо Анѓушев денес излезе со нови лаги и отворено манипулираше.

Кога Кочо Анѓушев говори за водоводи и канализации прашуваме колку километри водовод и канализациска мрежа би можела да се изгради со 420 милиони евра пари на граѓаните кои СДС ги потроши за помалку од четири месеци?

Дополнително колку проекти можеа да се изградат со 2.6 милиони евра колку што фирмата на Анѓушев сакаше да заработат од тендерот во ЕЛЕМ?

Анѓушев денес соопшти лажни бројки. Само во Скопје во последниот мандат на градоначалникот Коце Трајановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изградени се 176 водоводни и канализациони мрежи во должина од 57 километри. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ само во последниот мандат изградија или заменија над 700 км водоводни и канализациони мрежи.

Кочо Анѓушев работи за тендери, а не за интересите на граѓаните. Токму поради тоа оваа неспособна влада предводена од СДС ќе биде казнета за своето расипничко работење. Казната ќе стигна на 15 октомври кога граѓаните ќе гласаат за километри и километри водовод и канализациони мрежи, а не за тендерите на Анѓушев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Кочо Анѓушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Ескобар: Од ВМРО-ДПМНЕ добивме уверување дека земјата ќе остане на европскиот пат

Катерина Ѓуровски

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски