ВМРО-ДПМНЕ: 16 илјади деца живеат во сиромаштија, над 50.000 останаа без работа

Од:

„50.000 работници останаа на улица, само што економистот Заев почна да дели лекции, аман Заев не дели лекции, цела нација на улица ќе остане ако продолжиш вака.

Економијата блескаво пропаѓа кога Заев почнува да се фали. Над 900 милиони буџетски дефицит за само 1 година и јавен долг зголемен од 49% на 61%“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветуваше блескање, а буквално за 100 дена донесе рецесија. Една година извозот паѓа, македонските претпријатија се помалку извезуваат. А со тоа е намалена економската активност и приходите во буџетот.

Растат цените на мало кај храната и пијалоците. Преживувањето е се потешко. Половина милион луѓе живеат со 2 евра на ден. Додека дури 16.000 деца живеат во сиромаштија.

Не сакаме ниту да претпоставиме како ќе изгледа Македонија, ако Заев продолжи да дели лекции.

Заев, државата ја клекна на колена, економијата е уништена. Доблест е да си поднесеш оставка! Само влада за национален спас ќе ја извади Македонија од провалијата во која ја втурна!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата