Влада: Континуирано расте просечната плата, позитивни економски трендови

Од:

Континуирано расте просечната месечно исплатена нето – плата по вработен, оценуваат од Владата на Република Северна Македонија. Во соопштението наведуваат дека согласно податоците на Државниот завод за статистика, во март 2021 година изнесувала 28.217 денари, што е за 6,8 отсто повисока од истиот месец во 2020 година или зголемувањето изнесува 1.795,00 денари за една година.

Според денешните податоци на ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 17,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,3 отсто и информации и комуникации за 12,1 отсто.

Се додава дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење камен за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита 5,3 отсто и градежништво 4 отсто.

-Oд почетокот на годината се забележуваат позитивни движења во економијата. Тоа најдобро може да се види преку приходната страна на Буџетот. Владата континуирано креира поволен деловен амбиент за раст и развој на стопанството, како и на севкупната економија. Покрај растот на просечната плата, расте и извозот, индустриското производство, внатрешната трговија, дополнително расте и кредитирањето како на домаќинствата, така и на корпоративниот сектор, истакнуваат од Владата и додаваат дека ваквите позитивни движења во економијата, даваат сигнал на стабилизирање и раст, кој согласно владините проекции ќе изнесува 4,1 отсто за 2021 година.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија