(ВИДЕО) Зеќири: Се изнаоѓа решение кое ќе биде во корист на земјоделците, пазарџиите

Од:

„Денеска, овде на Бит Пазар, се сретнав со пазарџиите со кои разговаравме за актуелни теми, за состојбата со организацијата на пазарите, како и за одредбите од Законот за трговија на зелените пазари.

Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го одложи Законот за трговија на зелените пазари за една година“, рече Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ и пратеник.

„Тука сме, да се најде соодветно и достоинствено решение што ќе биде во интерес на сите, како на пазарџиите, така и на организаторите на пазарите.

Со тоа, се отвора простор за дебата и консултации со цел да се дојде до заедничко решение како да се подобри организацијата на работата на пазарите, а истовремено да бидат заштитени сите засегнати страни.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, заедно ќе дојдеме до решение со кое ќе може чесно да се заработи денар повеќе, но ќе се обезбеди и решение за сузбивање на сивата економија“, изјави Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он