(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари на граѓаните завршија на приватни сметки откако СДСМ е на власт?

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека Владата на СДСМ е до гуша заглавена во криминал и корупција.

– Криминалниот тендер меѓу АД ЕЛЕМ и Пелистер ДОО Битола ја чини државата и граѓаните еден милион евра повеќе отколку што истата фирма претходно понудила за да биде завршена истата работа. Колку од овие пари легнаа на сметка на Зоран Заев и Вицето? Колку евра по гигаџул требало да плати компанијата Пелистер на Заев, а колку на партијата? Криминалното работење по принципот евро за Вицето, евро за партијата и евро за црквата картелот на власт го унапреди и надгради. Тендерот од 320 милионски на АД ЕЛЕМ, смрди на криминал. По обелоденувањето на случајот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, експресно беше извршено дополнување на критериумите за учество во тендерската постапка. Кој е уделот на Заев во целиот скандал и дали освен него се инволвирани и други високи функционери на СДСМ? Дали СДСМ ги користи парите на граѓаните за богатење на функционерите од врвот на власта?, запраша Ѓорѓиев.

Тој исто така го постави прашање и колку пари на граѓаните откако СДСМ е на власт завршија на приватни сметки.

– Дали сомнителните милионски договори во четири очи, беа главната причина поради која СДСМ по преземањето на АД ЕЛЕМ го поништи постапката за набавка на сопствена опрема за ископ распишана од ВМРО-ДПМНЕ, за потребите на РЕК Битола, па ова претпријатие наместо со сопствени ресурси мора да плаќа милиони евра за ископ на приватни фирми? До кога парите на граѓаните наместо за нови проекти, ќе завршуваат за милионски тендери во четири очи во корист фирми за кои постои сомнеж дека се блиски до власта? СДСМ сфати дека ја промаши работата со лагите и клеветите на директорот на ЕЛЕМ. Неговите 48 часа за извинување до Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истекуваат, па затоа сега очајнички се обидуваат да го покријат со бледи изјави на претставнички на СДММ, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека ваквата несериозност и манипулации не поминуват, како и дека одговорност за криминалот мора да има.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања