(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Како земјоделците да произведуваат кога откупот им е несигурен, субвенциите намалени, а нафтата скапа?

Од:

Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека неодговорниот пристап на СДСМ кон земјоделието остави над половина од минатогодишниот реколт на ориз од кочанско-виничкиот крај во амбарите.

– СДСМ пред изборите вети дека цената на оризот ќе биде 25 денари за оризова арпа, додека пак белиот ориз ќе биде 50 денари. СДСМ вети, СДСМ излажа. Цената на оризот во моментов е 35 денари. Ова беше уште една лага на СДСМ само за да добијат глас повеќе на изборите и да седнат во фотелјите. ВМРО-ДПМНЕ бара власта веднаш да најде решение за неоткупениот ориз и да обезбеди услови за рентабилно производство во оваа сезона. Со откупна цена на оризот од 35 денари и со покачувањето на нафтата, СДСМ го направи производството на ориз нерентабилно. Земјоделците од единствениот регион на државата кој произведува ориз се помалку се одлучуваат да ги посеат своите површини со оваа култура, изјави Јорданов.

Тој рече дека СДСМ едно ветува во опозиција, а друго прави кога се на власт.

– Кога се бореа за гласовите на земјоделците од истокот ги лажеа и ветуваа се и сешто. Ништо од тоа што ветија не остварија. СДСМ ветуваше сигурен откуп на земјоделските производи. Откуп нема.
СДСМ ветуваше зелена нафта за земјоделците. Не само што нема зелена нафта за земјоделците, туку владата ја зголеми и акцизата. Ветуваа поголеми субвенции. Субвенциите се намалени. Зоран Заев дополнително им стави до знаење на земјоделците, дека ако немаат повисоко производство од минатата година нема ни субвенции, рече Јорданов.

Тој запраша како земјоделците да произведуваат, кога откупот не им сигурен, субвенциите намалени, а цената на нафтата висока?

– Оризопроизводителите во кочанско-виничкиот регион се со загрозена егзистенција. Поради ниската откупна цена и покачената цена на нафтата неизвесна е претстојната сеидба на оризот. Стотици земјоделци од кочанско-виничкиот регион на своја кожа го почувствуваа животот на СДСМ. Негрижата на власта го уназади земјоделието. По односот кој го манифестира власта земјоделците ги очекува тешко и мачно време под власта на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ