(ВИДЕО) Тренов: Се забележува драстично намалување на количините на откупена зелка

Од:

Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека поминале 7 дена од нивната реакција за проблемите во врска со откупот со пролетната зелка во струмичкиот регион.

– Освен посетата на одредени претставници на министерството и владата кои во свои портали фалејќи се дека Господ ги црпнал од Скопје и ги пратил во струмичко да го решат проблемот, и како истите експресно го решиле проблемот со откупувачите и производителите, и договориле цената да се движи од 20-25 денари по килограм, на лице место се констатира друга состојба. Состојбата е следна: Забележано е драстично намалување на количините на откупената зелка, иако откупувачите до вчера декларативно ја држеа цената од 20 денари. Откупните пунктови ги држат повеќе затворени отколку отворени. При тоа во периодот по велигденските празници забележано е драстично намалување на количините на откуп, а во одредени региони откупот е целосно запрен. Истите откупувачи имаат добиено целосни инструкции да не откупуваат зелка од лицата кои протестираа минатата недела заради ниските цени, така да се случува дискриминација на лице место, и производителите се делат на подобни и неподобни согласно правилата на неспособната влада, рече Тренов.

Тој додаде дека има обиди одредени откупувачи да ја исплаќаат зелката со репроматеријали наместо со пари, а со тоа откупувачите сакаат да постигнат одредена корекција на цените.

– И покрај ветувањата на неспособната влада дека цената ќе се движи од 20-25 денари во моментот на ова обраќање цените на откупот изнесуваат 15 денари по килограм, со тенденција на понатамошен драстичен пад. Во одредени региони на полињата има и до 70% од засеаната зелка, па производителите се соочени истите количини да презреат и да им пропаднат, заради слабиот откуп последниве денови. ВМРО-ДПМНЕ целосно ја следи состојбата согласно сопствените политики и заложби кои со години наназад ги практикува, иако до пред некоја година актуелниве властодршци со индигнација не нарекуваа земјоделска, селска влада. Ја користиме оваа прилика да се обратиме до јавноста со овие конкретни согледувања кои укажуваат дека состојбите со откупот се далеку од нормални, рече Тренов.

Тој ја повика владејачката СДСМ и министерот за земјоделство да излезат меѓу земјоделците за да ја согледаат состојбата која воопшто не е розова.

– ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира да се применат законските мерки за случаи кога има вишок на производи и преку интервентни мерки министерството да го регулира пазарот. Господо од СДСМ оваа е неопходно доколку сакате да се спаси овогодишниот род и сите инволвирани страни да бидат задоволни, рече Тренов.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ