(ВИДЕО) Томовски: Дали пред избори РЕК Битола ќе се претвори во нова пералница на пари за изборен поткуп за Заеви?

Од:

„Се спрема ли повторно влез на струмички камион и механизација во РЕК Битола? Дали пред избори РЕК Битола ќе се претвори во нова пералница на пари за изборен поткуп за Заеви и СДСМ?

Власта првин го поништи тендерот за набавка на механизација за потребите на РЕК Битола, кој беше распишан во време на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа овозможи три години непречено испумпување на пари од РЕК Битола на сметки на струмички и битолски фирми блиски до Заеви“, вели Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако јавноста се крена поради големите трошење на РЕК за изнајмување на механизација распишаа оглас, кој од самиот старт беше невалиден и во спротивност со чл.141 од Законот за јавни набавки, со што предизвикале состојба која довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори.

ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток алармираше дека постапката е спротивна на закон, но од страна на власта немаа слух и наместо да ја поништат на време, чекаа да поминат неколку месеци. Очигледно набавката на механизација никогаш и не била приоритет на власта.

Целиот оглас е пуштен со цел да се продолжи периодот на чекање и периодот во кој ќе можат да вртат камионите на Заеви, за сега во период на корона вирус можноста за нов оглас да се пролонгира на неопределено време.

Сите факти во случајот водат до заклучокот дека се работи за однапред наштелувана работа.

Доколку не е така, немаше тендерот од 19 милиони евра да се прави со почетнички грешки, кои ќе ги воочи и студент во прва година студии на правен или економски факултет.

Апелираме до директорите на институциите да не се ставаат во полза на Заеви и да не прават разни комбинации за да и му се допаднат на кланот. Одговорност за секој ќе има. Сите постапки ќе бидат ревидирани и доколку се утврди грешка ќе има и соодветни одговорности“, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата