(ВИДЕО) Стоилковски: Власта ги брка од пазарите најранливите категории

Од:

Власта удри по една од најчесните, но најранливите категорија, воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари. Воведува високи лиценци- по текот едно лице една тезга, со што дури на една третина од трговците на зелените пазари законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари. Воведоа и казни од 1500 до 2000 евра. Без да бидат земени во предвид фактите за оние кон кои се однесува оваа црна мерката, се наметнува лиценци, а потоа ќе казнуваат, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа власт повторно ја покажува својата негрижа за народот, за оние кои едвај преживуваат, кои се на минималец, со мала плата помола, со хонорар или со пензија, оние на кои не им стасува да преживеат во услови на спиралата на поскапувања. Власта ги брка од пазарите најранливите категории, оние кои што чесно го дополнуваат буџетот за корка поскап леб. Со црната мерка засегнати се една третина од оние кои што тргуваат на зелените пазари, најмалку 20 илјади луѓе, 20 илјади семејства, што би се рекло 80 илјади усти за ранење. Нив ги брка, а тезгите ги остава на крупните прекупци од кванташките пазари. Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите“, рече тој.

Власта, обвини Стоилковски, ги зацрнува зелените пазари.

„Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход. Никој што е поврзан со делот на трговија на зелените пазари нема објаснување зошто пензионери, хонорарци или вработени легално не би тргувале на зелените пазари и со тоа да го дополнуваат тенкиот семеен буџет“, прашува Стоилковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС