(ВИДЕО) Петрески: Со акцизата ќе скокне цената на транспортот, што ќе влијае и на други трошоци

Од:

Со зголемување на акцизата на нафтата три денари, ќе скокне цената на транспортот, вели економистот Благица Петрески. Не е исклучена можноста за зголемување на цените на билетот во јавниот градски превоз, вели таа. Петрески додава дека може да се очекува и раст на цените на одредени производи кои се поврзани со висината на транспортните трошоци. Анализите, како што вели таа, покажуваат дека од покачувањето на цените на нафтените деривати најпогодени ќе бидат сиромашните.

„Со акцизата прв шок ќе претрпат транспортните трошоци. Транспортот ќе влијае и на други трошоци, сепак не можеме да кажеме во сигурност во колкава висина. Сè што е поврзано со потрошувачката на нафтата и нафтените деривати ќе претрпи промени. Исклучена е појавата на инфлаторна спирала“, изјави Петрески.

Во однос на тоа дали со зголемувањето на акцизата се покриваат финансиските празнини што ќе се јават во буџетот поради социјалните мерки, како минималната плата, таа вели:

„Не постои бесплатен ручек. За тоа мора да бидеме свесни, расходите мора да се покријат некако. Или ќе има дефицит или касата мора да се полни со зголемувањето на даноците“, додава Петрески.

Таа на власта ѝ порача политиките што ќе ги носи да бидат транспарентни за граѓаните да имаат наврмена информација што ги очекува.

Г.Д.М

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите пратеници да ги поддржат новите мерки на Владата за помош на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на власта се премалку и се задоцнети

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за намалување на акцизата на бензините

Зголемување на акцизата за нафтените деривати, една од мерките за справување со економската криза предизвикана од COVID-19

А1он