ВИДЕО: Отворен Скопје Сити Мол

Од:

Вечерва беше отворен трговскиот центар Скопје Сити Мол на вкупна површина од 90.000 метри квадратни.

ВО него се сместени некои од најголемите светски брендови, а за прв пат во Македонија Скопје Сити Мол ги носи Бершка, Масимо Дути, Зара, францускиот гигант Карфур и кино операторот Синеплекс.

Скопје Сити Мол планира да стане најуспешен шопинг центар на Балканот со околу 7,5 милиони посетители во првата година на работата.

Ова е прва инвестиција на Балфин групацијата во сектор за недвижнини во Македонија. Вкупната инвестиција во трговскиот центар е повеќе од 100 милиони евра и ќе овозможи 2000 нови вработувања.

На отворањето беше присутен речиси целиот државен врв.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ