Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува засилена реализација на капиталните инвестиции во земјоделството во втората половина од годинава.
Тој денеска изјави дека 10-те милиони евра предвидени во Програмата за рурален развој ќе бидат искористени исклучиво за капиталните инвестиции во земјоделството како што се проектот за наводнување на Јужновардарска долина, системот за наводнување Равен – Речица и браната Конско.
– Очекувам дека овој месец, Министерството за транспорт и врски ќе ги издаде одобренијата за градење на овие големи ситеми, а во браната Конско во следните неколку месеци очекувам засилена работа на терен. Распишан е и тендер за избор на иведувач во делот на Јужен Вардар, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Со ребалансот на Буџетот, Николовски очекува дополнителни средства во Програмата за рурален развој и за субвенции.