(ВИДЕО) Кузмановска: СДСМ планира да ја задолжи државата за близу 1 милијарда евра

Од:

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека Владата на СДСМ планира да ја задолжи државата за близу 1 милијарди евра.

– 1 милијарда евра поради задолжување и 1 просечна плата помалку за семејствата поради воведување на повисока акциза за нафтата. СДС во изминатиот период на владеење покажа како не треба да се раководи со буџетската каса. СДС со потрошените 610 милиони евра за само шест месеци со ниту една реализација на проект кој е во корист на граѓаните го докажа своето расипништво. Владата на СДС секојдневно ги задолжува граѓаните и ја уништува иднината на идните генерации. СДС донесе единствено живот за кредиторите на Македонија. Државата новата година ќе ја започне со рекордниот буџет предвиден од СДС. Тоа значи дека Македонија во новата година ја чекаат нови рекордни задолжувања. Поточно СДС во 2018 година планира да ја задолжи Република Македонија за нови 854 милиони евра, 566 милиони евра на странскиот пазар и 288 милиони евра на домашниот пазар. Но доколку се земе во предвид фактот што СДС за неполни шест месеци успеа да ја задолжи државата за 440 милиони евра очекувано е со своето несовесно раководење со парите на граѓаните е оваа сума од 854 милиони евра да се зголемува и да го надмине планираното ниво, рече Кузмановска.

Таа додека дека е скандалозно што македонската економија е на работ на колапс, а владата го планира најголемиот буџет кој Македонија го имала, притоа заборавајќи ги реалните потреби на граѓаните.

– СДС наместо да ја потпомогне македонската економија ги намали субвенциите предвидени за земјоделците за цели 24 милиони евра, пензиите нема да растат, а платите се зголемуваат селективно. Земјоделците секојдневно се борат за опстанок и за шанса со макотрпна работа да ги прехранат своите семејства, а владата ги крати субвенциите за земјоделците. Оризарите, лозарите и раноградинарите молат за поголема откупна цена и помош од државата, а СДС ја крати помошта која заслужено ја добиваа. Додека се крати на реалните потреби на граѓаните СДС ја задолжува Македонија без план и реални проекти, а вработените од „Фени“, „Колска“ и „Еурокомпозит“ секојдневно легнуваат и стануваат со помислата дали утре ќе имаат со што да го прехранат своето семејство, рече Кузмановска.

Според неа, СДСМ токму граѓаните кои ги заборави ги задолжува за 854 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ