(ВИДЕО) Костовски: СДСМ врши притисок врз вработените и синдикатот во ЕЛЕМ

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека власта е исплашена од работниците и на секој можен начин се обидува да го оневозможи слободното синдикално организирање.

– Партиските кадри на СДСМ во ЕЛЕМ на чело со Драган Миновски, вршат притисок врз вработените да пристапат во синдикат под контрола на власта, стои во писмото упатено од Европската конфедерација на синдикати до ЕЛЕМ. Раководството на ЕЛЕМ повеќе од 4 месеци не му префрла пари на „Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката, рударството и индустријата“ и го блокира неговото нормално функционирање. Раководството на РЕК Битола неосновано ги одзеде просториите и документите на постојниот синдикат и ги даде на користење на новиот синдикат, кој се формира по директива на новото раководство, рече Костовски.

Тој изјави дека во писмо упатено од генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Јан Вилем Гудријан до раководството на ЕЛЕМ се апелира да запрат притисоците врз синдикатот и работниците.

– Европската конфедерација на синдикати упати 4 јасни барања до раководството на ЕЛЕМ, со цел гарантирање на непреченото синдикално организирање:
1. Да даде јасна и недвосмислена изјава дека нема да се меша во работите на синдикатот.
2. Да овозможи независна истрага која ќе биде спроведена од страна на Меѓународната организација на трудот и европските и светски синдикални здруженија.
3. Да обезбеди простории и документација во сопственост на синдикатите, онаа што им беше земена да им биде вратена на истите;
4. Да го почитува „Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката, рударството и индустријата“ и да преговара со синдикатот и да најде решение за негово функционирање.
Ова е недозволиво однесување на власта. Властите се изживуваат со над 4.000 вработени во оваа претпријатие. ВМРО-ДПМНЕ го повикува директорот на ЕЛЕМ да понесе одговорност за случајов и да си даде оставка, рече Костовски.

Тој повика власта веднаш да престане со притисокот врз вработените и синдикатот во ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ