(ВИДЕО) Костовски: Со зголемување на акцизата за дизел, СДС директно стави рака во џеб на граѓаните

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција кажа дека граѓаните почнале на дело да ги гледаат лицемерните политики на СДСМ.

– Вчера и официјално СДС во Собранието го изгласаа законот за поскапување на акцизата на дизелот за 3 денари. Со 47 гласа ЗА, СДС вчера одлучи директно да влијае врз осиромашувањето на граѓаните. Трошоците кај секое семејство, без разлика дали возат автомобил на дизел или патуваат со автобус, ќе се зголемат за плус една плата од 20.000 денари, плата која ќе им биде одземена на граѓаните. СДС со вчерашната одлука директно им стави рака во џеб на граѓаните. Ова ќе се одрази и на јавниот превоз, и на меѓуградскиот превоз, кој меѓудругото одредени меѓуградски линии веќе поскапи, и на такси превозниците, но ќе се одрази и на цените на прехранбените намирници, бидејќи земјоделците ќе бидат принудени од 1 јануари да плаќаат поскапа цена на нафтата, рече Костовски.

Тој додаде дека откако Заев и СДСМ дојдоа на власт ја крахирале економијата и како што кажа, сите економски параметри се во надолна линија, а тоа најмногу го чувствуваат граѓаните.

– Погрешните политики на СДС ќе се одразат директно во џебот на секој граѓанин. И додека СДС и Заев ја раскрчмуваат државата на економски и на државен план преку разни закони, не грижејќи се за интересите на граѓаните, сето тоа пробуваат да го засенат преку градскиот шарлатан Шилегов кој објавува слики од веќе промовирани кабини. Ниту една слика од кабина не може да ја покрие неспособноста на оваа влада на СДС да работи за интересите на граѓаните. Граѓаните директно ги чувствуваат штетните политики и свесни се дека се изманипулирани од страна на СДС, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ