(ВИДЕО) Јовановски: Илјадници граѓани на Кавадарци ќе останат без парче леб и извор на егзистенција

Од:

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Македонија се враќа во мрачните времиња на криминалната приватизација, а економското помрачување кое што го донело СДСМ ги носи првите псоледици во Кавадарци.

– Катастрофалните економски политики на Заев, на Тевдовски и на Анѓушев ја зема и првата жртва и ја однесоа во стечај првата фабрика. Велешкиот суд и официјално ја активираше стечајната постапка и експресно назначи стечаен управник за некогашниот гигант во металуршката индустрија Фени индустри. Назначениот стечаен управник, Мирослав Анастасиевски, од информациите и од документите објавени во медиумите може да се види дека е најголем поединичен донатор на СДС во изборната кампања за парламентарните избори во декември минатата година, со донирани 123.000 денари. Имено истиот е и близок пријател со Зоран Заев и со Соња Лукаревска, директорката на УЈП, рече Јовановски.

Тој запраша дали финансирањето на СДСМ и пријателството со Заев биле главен услов поради кој го добил милионскиот имот на Фени со кој ќе располага во идниот период.

– Ветерот и маглата кои Бетиан Китев и Анѓушев им ги продаваа на кавадарчани во предизборието се само потврдија со оваа одлука. Лагите и манипулациите за да се купи глас повеќе нема да им го вратат лебот и работното место на илјадниците граѓани кои ќе останат без работа. Илјадници граѓани на Кавадарци ќе останат без парче леб и извор на егзистенција благодарение на неспосбноста на црната економска тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски. Само во комбинатот има илјада вработени кои благодарение на СДС ќе ги загубат своите работни места, но тоа не е малку, дополнително загрижува фактот што превозници и компании со кои комбинатот соработува доколку се затвори Фени ќе станат непрофитабилни и приморани и тие да ги отпуштат своите вработени, а тоа се над 400 луѓе, вели Јовановски.

Тој додаде дека сега Кавадарци ќе остане и без еден од своите најголеми финансиери во спортот

– Олигарсите во СДС кои се збогатија купувајќи намерно обезвреднети македонски компании за ефтини пари се вратија повторно да го спроведат лукративниот економски модел. Без трошка грижа за граѓаните СДС, земајќи ги во предвид само бизнис интересите на нивните олигарси тие се спремни целосно да го обезвредат некогаш профитабилниот металуршки гигант Фени за некој налик на газда Кочо да го купи за мали пари. Граѓаните ќе останат без извор на егзистенција, а олигарсите ќе ги бројат своите милиони.Срамно е ова што го прави СДС, партија која се декларира како Социјал Демократска, партија која наводно сака рамноправност во општеството. Но што можат да очекуваат граѓаните од влада составена од милионери кои немаат чувство што се случува во вистинскиот свет, со луѓе кои не работеле работа ниту ден физичка во својот живот, што да очекуваат од луѓе кои незнаат што значи да немаш пари да преживееш до крајот на месецот, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ