(ВИДЕО) Георгиевска: Успешните економски политики на СДСМ даваат резултат, платите и пенизите продолжуваат да растат

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку одговорни и невремени економски политики се справува со последиците од коронавирусот и отвора можности за рестарт на македонската економија.

Показател за тоа е и растот на просечната плата кој во ноември 2020 во услови на светска рецесија и пандемија е зголемена за 7 отсто во однос на ноември 2019 година.

И во услови на здравствена и економска криза, не запре покачувањето на пензиите. Пензиите не се намалени, ниту се замрзнати, туку тие со јануарското законско усогласување се зголемени за 1.2 отсто“, рече Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Паралелно, продолжува и помошта и поддршката за економијата и спас на работните места.

Преку кредитната линија, КОВИД 3 досега, одобрени се бескаматни кредити за 1.276 кредитни барања од компании кои вработуваат 9.450 лица, во вкупен износ од 14,7 милиони евра.

Станува збор за 715 мали компании 475 микро компании 67 трговци поединци и 19 занаетчии.

Владата предводена од СДСМ преку четири пакети економски мерки вредни над една милијарда евра, спаси стотици илјадници работни места и помогна на десетици илјади компании. Во финална фаза е и петтиот пакет мерки наменет за поддршка на граѓаните, на компаниите.

Доказ за успешноста на оваа помош е и податокот што не само што нема намалување туку ппостои и благ раст на бројот на работни места во Технолошко-индустриските развојни зони.

СДСМ како одговорна, државотворна партија останува силно посветена на спас на секое работно места, на помош и поддршка на секој граѓанин, секое семејство

Со одговорни економски политики преземаме крупни чекори рестарт на македонската економија и враќање на претходните стапки на раст“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он