(ВИДЕО) Георгиевска: Со 35 милиони евра реализираме 99 важни проекти во 75 општини низ целата држава

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев посветено работат на реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните.

Со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ, ќе се финансираат 99 важни проекти во 75 општини.

Проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, реконструкција и изградба на здравствени установи се дел од проектите кои ќе се финансираат со овие средства“, рече Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Со оваа сериозна инвестиција, го унапредуваме квалитетот на живот во општините и го поттикнуваме локалниот економски раст.

Инвестиции во проекти важни за граѓаните, инвестиции во рамномерен регионален развој, се приоритетите од кои се води Владата предводена од СДСМ.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме за нашите граѓани, за нашата држава“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он