(ВИДЕО) Димковски: Заврши третата и последна фаза исплати за корисниците на финансиска поддршка за земјоделство

Од:

Во текот на вчерашниот ден преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сточарите во земјава им се исплатени 222 милиони денари и со тоа е завршена третата и последна фаза исплати за сите корисници на финансиска поддршка според програмата за земјоделство, инфрмираа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата Николче Бабовски при денешната посета на битолското село Логоварди, во чиј атар се наоѓа современ објект-карантин за јуници.

За време на посетата во Логоварди задно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, министерот Димковски разговараше со пелагониските сточари кои ги користат мотивирачките мерки за набавка на јуници и производство на квалитетно млеко.

-Годинава направивме промени при аплицирањето за приплоден добиток, односно јуници со висок генетски потенцијал, но и за дел од овчарството и козарството. Со мерката ќе бидат увезени околу 1.600 јуници од Германија, Унгарија, Чешка или други држави избрани од страна на земјоделците. За оваа мерка буџетот е значително зголемен и годинава ќе се вложат 2,5 милиони евра, средства обезбедени од државата преку Програмата за рурален развој, а ќе вложат и сточарите се со цел да се добие добар генетски потенцијал и да го развиваме сточарството, истакна Димковски.

Тој додаде дека за МЗШВ голем предизвик се следните чекори за тоа како да се одржи овој генетски потенцијал и да се зголеми количеството на произведено млеко и квалитетно млеко.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со земјоделците потпишаа 68 договори во вредност од 135,5 милиони денари со што може да се увезат 1.460 грла говеда од расата холштајн, симентал, абердинангос, а исто така ќе се узвезат и 1.133 грла овци од расата асаф, информира директорот Николче Бабовски.

-Овозможуваме формирање на матични стада со висок генетски потенцијал, а тоа се инвестиции кои даваат долгогодишен резултат. Преку програмите и мерките што ги спроведуваме, ние како Агенција создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко и месо, а со тоа обезбедуваме суровина за млекарството и за месната индустрија, нагласи Бабовски.

Процедурата за здравствена заштита на увезениот добиток ја врши Агенцијата за храна и ветеринарство преку интегриран систем на контроли, потсети директорот Зоран Атанасов за време на денешната посета на битолско Логоварди.

– Со спроведувањето на интегрираниот систем на контроли врз принципот „од фарма до трпеза“ или „од нива до трпеза“, Агенцијата овозможува на пазарот да има безбедна храна. При спроведувањето на овие мерки, пред се насочени кон домашното производство, но и за увозот на суровини, се спроведува и мерката карантин која се однесува на увезен добиток. Во таква ситуација животните се изолираат, надгледуваат и тестираат од евентуални зарази или болести кои може да го загрозат здравјето на животните, но и здравјето на луѓето. Мерката карантин е целосно спроведена, за две недели ќе ги имаме комплетните резултати и со оглед дека животните се здрави, тие ќе бидат предадени на сточарите, истакна Атанасов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата