(ВИДЕО) Димковски: За три и пол месеци се продолжува рокот за плаќање на закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019

Од:

Владата донесе уредба за продолжување на рокот за плаѓање за државна закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 до 12 ноември 2020 година, односно рокот е продолжен за три ипол месеци. До истиот рок нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатената државна закупнина.

Целта е да им се овозможи на земјоделците прво да обезбедат приходи од продажбата па потоа да платата закупнина за државното земјоделско земјиште, наведе министерот за земјоделство Трајан Димковски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека се ставаат во мирување и роковите за сите јавни повици, за поднесување на проекти и за реализација на инестициите на националните програми и од програмата ИПАРД 2, како дел од мерките кои ги презема Владата со цел да се ублажат последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој.

– Поради пандемијата годинава извозот на јагнињата се одвива со намален интензитет. За да се покријат загубите на одгледувачите на овци вкупната финансиска поддршка за женско јагне ја зголемуваме на 2.500 денари по грло, рече Димковски.

Тој истакна дека поради намалената динамика на склучување на договори за производство и за откуп на тутун за реколтата 2020 во месец март, рокот за склучување на договори, кој го склучуваат производителите на тутун, со регистрираните откупувачи на тутун, го продолжиле до 30 април.

– Земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според законот за трговски друштва ќе имаат можност да користат и дел од економскиот пакет мерки како финансиска поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај, нагласи Димковски.

Министерот за земјоделство наведе дека во услови на ограничен пристап до пазарите и рестрикции во движењето се повеќе земјоделци почнуваат онлајн продажба на своите производи.

– Ги повикувам земјоделците да ја користат и платформата „понуда и побарувачка“ што ја воведе Министерството за земјоделство, а преку кој што можат да ги понудат своите производи, посочи Димковски.

Тој упати апел до граѓаните да купуваат домашни производи со цел да се заштити домашното производство.

– Зелените коридори за брз транспорт на стока веќе функционираат и со тоа во значителна мера ќе ја олесни трговијата со земјоделските производи, потенцираше Димковски.

Тој истакна дека по надминување на здравствената криза производството на храна треба и мора да и продолжи непречено, земјоделците мора да ги продолжат своите работни активности.

– Владата ќе ги овозоможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одоговори на брањата на земјоделците. Изминатиот период како ресорно Министерство преземаме мерки кои ќе им помогнат на земјоделците и на стопанствениците во агросекторот. Во оваа вонредна состојба да имаат рентабилно земјоделско производств и пласман на своите производи, рече Димковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата