(ВИДЕО) Делев: На што потроши СДСМ повеќе од 600 милиони евра за неполни два месеца?

Од:

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека владата на СДСМ неосновано се задолжува. Тој кажа дека владата денес ќе ја задолжи државата за нови 26,5 милиони евра.

– Нејасно е за што ќе се трошат овие пари, ако знаеме дека од почетокот на годинава до сега ја за задолжија државата со еврообврзница од пола милијарда евра и со 136 милиони евра на домашниот пазар. Со ова денешно задолжување вкупната сума на задолженост од јануари до сега изнесува неверојатни 662 милиони евра. Граѓаните прашуваат на што потроши СДСМ над 600 милиони евра за неполни два месеци? Расипништвото на СДСМ од почетокот на нивниот мандат до сега ја чини државата енормни 1.4 милијарди евра. Дополнително власта треба да објасни и на што се потрошени 266 милиони од државните девизни резерви. Тоа се 11% намалување во државните девизни резерви во однос на 2016 година, рече Делев.

Тој додаде дека власта манифестирала целосна неодговорност и незнаење а менаџирање со економијата и парите на граѓаните и дека за првите три квартали во 2017 година БДП е под нула.

– Стотици стечајци се оставени без основни средства за егзистенција. СДСМ предизборно ги излажа и стечајците, и тие се револтирани и разочарани, над 2/3 од стечајните работници не се опфатени со законот кој го изгласа СДСМ. СДСМ доживеа целосен дебакл на економски план и тоа тие го знаат. Од опозиција не испуштаа прилика да ги критикуваат економските мерки на ВМРО-ДПМНЕ, сега не пропуштаат прилика по светските форуми и саеми да се фалат со добрата бизнис клима која ја има нашата држава, благодарение на квалитетните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, рече Делев.

Според него, неспособноста и катастрофата се обидуваат да ја покријат со лаги.

– Анѓушев мислејќи дека граѓаните се со кратко паметење ги презентираше странските инвестиции договорени и донесени од ВМРО-ДПМНЕ како успех на СДСМ. Ваквите манипулации беа веднаш разоткриени од јавноста, а Анѓушев сам се увери во народната „на лагата и се кратки нозете“. Капиталните проекти беа стопирани. Ниту еден нов автопат не е отпочнат, додека работата на постојаните на повеќе наврати беше во застој. Ништо од веутвањето за 600 километри нови автопати и 550 километри нови магистрални патишта. Ветуваа стабилна и просперитетна економија, донесоа несигурност и енормни задолжувања. Ваквата неспособност ја носи државата кон банкрот, а граѓаните во сиромаштија, рече Делев.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ