(ВИДЕО) Арсовски: 2018-та е црна година за македонската економија

Од:

„2018 е црна година за македонската економија. Ветувањата на Зоран Заев и неговиот економски тим, кој што го нема како и ветувањата на Заев во своето експозе, кога доаѓаше премиер, тој најави дека согласно нивната програма „План за живот“ секоја година ќе обезбедуваат раст на економијата од 5%. Иако за оваа година согласно Буџетот самите тие предвиделе дека наместо 5% растот ќе биде 3.2% на БДП, факт е дека не успеаја ниту тоа да го реализираат“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Реалната црна слика во моментов е дека растот на економијата оваа година нема да биде повеќе од 2.5%. Не им е прв пат да потфрлат на СДСМ, бидејќи лани растот на БДП за 2017 беше 0%.

Замислете, Заев и СДСМ се толку неспособни што неколку пати ги намалуваат проекциите за растот на економија.
ММФ, Европската комисија, НБРМ, Светска банка, никој од овие релевантни институции не веруваат во проекциите на СДСМ, затоа и тие ги намалија своите проекции за растот на БДП.

Неспособноста на СДСМ е до толку голема, што не можат ни своите проекции да си ги исполнат. Жално и срамота.
Македонија е убедливо на дното во регионот според растот на економиите. Сите околни регионални економии се со раст од над 4%.

Ова е резултат на криминалното работење на оваа неспособна криминогена Влада на СДСМ која ја интересираат единствено личните бизниси.

Додека секојдневно СДСМ ја задолжува државата и граѓаните и се пробиваат психолошките граници, фирмите блиски до СДСМ не можат да постигнат од работа со тендери, а граѓаните тонат во сиромаштија и преживуваат од ден за ден.
Затоа оваа Влада треба да си оди. Што побрзо толку подобро, за Република Македонија конечно да тргне напред!“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС