(ВИДЕО) Антовски: Тасев до вчера одобрувал одлуки на Заев на ЦО, а сега ќе одлучува за цената на струјата, бензините и водата

Од:

„Заев продолжува да поставува партиски функционери и војници за членови на Регулаторната комисија за енергетика, која согласно закон треба да биде независна и непартиска. На предлог на Владата, за член на РКЕ, предложен е Андреј Тасев од Дојран, член на највисокиот орган на СДСМ, Централниот одбор на партијата.

Според член 17 став 3, точка 5 од Законот за енергетика јасно е назначено дека:

„Функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспојлива со извршување на друга функција, функција во политичка партија или работно место“, рече Стевче Антовски, член на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.

„Тасев бил советник во Советот на општина Дојран од редовите на СДСМ во два мандати, а во 2014-та година бил и кандидат за пратеник од листата на СДСМ во четвртата изборна единица.

Имајќи ја во предвид неговата биографија, нема сомнеж дека Тасев е партиски функционер и истурен играч на Заев, кој до денес е политичар, а од утре треба да биде независен, дали има некој во државава кој верува во овие приказни на СДСМ? До вчера седел во ЦО и давал поддршка на политиките и одлуките на Заев, а од утре треба да биде независен и непристрасно да одлучува за цената на нафтата, водата и струјата.

Па со вакви партиски функционери во РКЕ, не е воопшто зачудувачки што поскапе струјата во ек на пандемија.

Тасев, освен што го исполнува партиските услови да биде функционер, не исполнува ниту еден друг услов. Имено Тасев не го исполнува ни условот од член 17 став 3 точка 2 од Законот за енергетика, каде јасно се наведува дека:

„За член или претседател на Регулаторната комисија за енергетика може да биде именуван државјанин на Република Македонија кој го исполнува следниот услов – Во последните 15 години пред именувањето да има најмалку десет години работно искуство во енергетиката, односно во обезбедувањето на водни услуги“.

Ако ја погледнеме биографијата на Андреј Тасев која истиот ја доставил, тој го нема потребното искуство па во своето скромно CV навел дека бил ангажиран како надворешен соработник во „Комуналец Полин“ од Стар Дојран и „Комунална чистота“ од Богданци. Во член 17 е јасно наведено дека се бара работно искуство, а не консултантско искуство ниту пак соработничко искуство, и никакви потврди за соработка или консултации, не може да бидат земени предвид.

Очигледно е дека наведениот кандидат не ги исполнува условите за станување на член во РКЕ кои се бараат согласно Законот за енергетика, а функцијата му се доделува по претходни заслуги и ангажмани во партијата.

Во РКЕ се згрижуваат само партиските полтрони и послушници на СДСМ, а тоа покажува дека РКЕ не е независно тело и работи комплетно под диригентската палка на раштиманиот Зоран Заев.

Токму заради ова ВМРО-ДПМНЕ предлагаше професионализација на РКЕ, но очигледно можноста за поставување на партиски кадри е шанса која СДСМ не сака да ја изгуби. Но сето ова наскоро завршува“, изјави Стевче Антовски, член на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС