Унгарската економија се уште е во рецесија

Од:

Унгарија остана во рецесија во последниот квартал од минатата година, што е четврто тромесечjе по ред со негативен економски раст, соопшти денеска Заводот за статистика во Будимпешта.

Во соопштението се наведува дека бруто домашниот производ во четвртиот квартал е намален за 0,9 отсто во однос на претходните три месеци.

Со тоа продолжи трендот започнат во првиот минатогодишен квартал, каде економијата се намале за еден отсто во однос на последното тромесечие во 2011 година.

На годишно ниво, БДП во последниот квартал од 2012 година е намален за 2,8 проценти. Заводот наведува дека за лошите резултати, пред се, е виновен падот на индустриското и земјоделското производство.

На ниво на цела 2012 година, унгарската економија се намали за 1,7 отсто, што е нејзин прв негативен раст од 2009 година, кога поради глобалната економска криза БДП е намален за дури 6,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија