Украина воспоставува коридори за извоз на житарки преку Полска и Романија

Од:

Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија, со цел да се спречи глобалната криза со храна, изјави денеска помошник-шефот на украинската дипломатија Дмитро Сеник.

На безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, Сеник рече дека глобалната безбедност на храната е загрозена затоа што руската инвазија го запре украинскиот извоз на житарки преку Црното Море, што предизвика општ недостиг и скок на цените.

Пред руската инвазија, Украина беше најголемиот светски производител на сончогледово масло и еден од главните извозници на пченица, додека милиони тони житарки се во пристаништата поради руската блокада.

– Украина беше во преговори со балтичките земји за додавање трет коридор за извоз на храна. Овие рути не се совршени бидејќи создаваат одредени тесни грла, но ние даваме се од себе да ги развиеме тие рути, изјави Сеник.

Тој не даде детали колку житарки веќе се преместени или ќе бидат префрлени преку овие рути.

Би можело да ве интересира

Русите вечерва ќе соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

ЕУ одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон руската „флота во сенка“ и компании од Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ќе оди ли Путин на преговори, Зеленски ќе чека во Анкара кај Ердоган

Катерина Ѓуровски

Кремљ подготвува делегација за Истанбул, не кажува дали ќе оди Путин

ВИДЕО: Русија трупа војска на границата со Финска

ВИДЕО: Истече времето за одговор на Русија, Трамп може да им се приклучи на Путин и Зеленски в четврток

Катерина Ѓуровски